ЗА НАС

ДИКОС дооел е основана во 2004 год. Основна дејност е застапување на реномирани фирми за пазарите во Македонија, Албанија и Косово.

Надградба на сите видови специјални возила

Со застапување на фирмите ВАТРОСПРЕМ ПРОИЗВОДЊА – Белград и ХК Пролетер – Крагујевац овозможивме понуда на сите видови специјални возила кои може да се побараат на пазарот и тоа со светски квалитет, конкурентни цени, гаранција и одржување на истите во постгарантниот период.

Почнувајќи од 2007 година  до 2016 година на македонскиот пазар се испорачани:

  • противпожарни возила за различни намени – 26 возила
  • комунални возила – 11 возила
  • возила за зимска служба – 2 возила
  • “Пајак” возила – 2 возила
  • платформи – 2 возила со платформа
  • киперски надградби – 15 возила

Соработуваме со застапниците за Македонија на производителите на шасии и тоа:

  • IVECO – преку нивниот застапник CARGOMAX
  • MERCEDES – преку нивниот застапник Mak Autostar
  • DAF – преку нивниот дилер D-M Trans
  • MAN – преку нивниот застапник MAN Камиони Македонија
  • ISUZU – преку нивниот застапник Аутомакедонија

На нивните шасии производителите ВАТРОСПРЕМ ПРОИЗВОДЊА и ХК Пролетер ги направија надградбите според барањата на купувачите.

Противпожарна опрема и стабилни системи за противпожарна заштита

Продажбата и сервисирање на противпожарна опрема од ВАТРОСПРЕМ ПРОИЗВОДЊА – Белград и проектирање и изведба на стабилни системи за противпожарна заштита и дојава на пожари.

Нови материјали и технологии

Најновите композитни материјали, замена за челикот, со извонредни карактеристики, со технологија и знаење на фабриките од САД, АМЕРОН (цевки со разни дијаметри и издржливост до 400 бар) и ФИБЕРГРАТЕ (разни профили за градба на конструкции, газишта отпорни на корозија) за прв пат ги нудиме на овие пазари.

Најголемите светски нафтени компании, разни хидроцентрали, хемиски фабрики и други индустриски гранки се корисници на овие производи.

Опрема за фарми

Потребата од вентилациона опрема и хали од лесни поцинкувани челични конструкции не поврза со фирмата VOS-SYSTEM- Жабаљ, кои ги застапуваме на пазарот кои произведуваат и комплет опрема за свињарски фарми и сточарски фарми.

Приколки со вкупна носивост до 3500 кг.

Францускиот производител TRIGANO го купи производителот на приколки ZASTAVA INPRO – Крагујевац кој го застапувавме за македонскиот пазар и сега продолжуваме со продажба на приколките од новиот сопственик  со нов квалитет и под називот TRIGANO.