VATROSPREM ги произведува сите типови на противпожарни возила за потребите на цивилните и воените противпожарни единици, како и возила за гасење на шумски пожари, пожари во индустријата и на аеродромите.
До сега VATROSPREM proizvodnja има произведено преку 5000 возила од сите видови и намени на шасији на Mercedes-Benc, FAP, IVECO, MAN, Tatra, Kamaz, Zastava, SCAMMEL, FAUN. Со возила од VATROSPREM proizvodnja опремени се сите противпожарни единици и сите аеродроми во бивша Југославија. Покрај тоа VATROSPREM е единствен испорачувач на противпожарни возила за војската во Србија,  бидејќи ги имаат успешно поминато и исполнето сите барања од страна воената контрола за квалитет.   Возилата се резултат на сопствениот развој и проектирани во согласност со домашните и меѓународните прописи и стандарди, а се исполнуваат и посебни барања од купувачите, со краток рок на испорака, ниски цени и висок квалитет.

ВОДА

Наменети се пред се за испорачување на доволна количина на вода за потребите на противпожарните возила кои учествуваат во гаснењето на пожарот. Самостојно можат да гасат пожари од класа „A“, а доколку се обезбеди пенило во буриња или канти, можат да се користат и кај пожари од класа „B“ и „C“, бидејќи се снабдени со мешач за дозирање на пенило и приклучок за повлекување на пенило надвор од возилото.

ВОДА – ПЕНА

Ова се најчесто користените возила во противпожарните единици како навални возила предвидени за брза истервенција за гаснење пожари од цврсти запаливи материјали (пожари класа “A”), пожари од лесно запаливи течности (пожари класа “B”) и гасови (пожари класа “C”). Многу се ефикасни во гасењето на пожари во стамбени населби, индустриски објекти, складишта, на автопати.  Погодни се за користење и во урбани стедини и за интервенции вон градот. Силен мотор, кратко меѓуосовинско растојание, компактна конструкција на надградбата овозможуваат неверојатни погонски карактеристики и го скратуваат времето потребно за пристигнување на местото на интервенција.

CAFS – систем

Противпожарните возила опремени со системот за компресувана воздушна пена CAFS овозможуваат најголема ефикасност на гасење со најмала потрошувачка на пенило и вода. Наменети се за гасење пожари од цврсти запаливи материјали (пожари класа “A”), пожари од лесно запаливи течности (пожари класа “B”) и гасови (пожари класа “C”). Посебно се ефикасни во гасењето на пожари во стамбени населби, индустриски објекти, складишта за гуми, како и гасење на шумски пожари. Погодни се за користење и во урбани средини и за интервенции вон градот. Предности во однос на возилата со класичен систем за правење на пена: – поголема ефикасност (5 пати пократко време на гасење) – намалена потрошувачка на вода (2-5 пати) и пенило (6-10 пати) – брза редукција на теемпература – работи на режим на низок притисок (7 bar) – помали оштетувања во однос на гасење со вода – лесна манипулација со цревата поради испуненост со воздух – мал отпор во цевоводите – голем домет со пена

вода – пена – прав

Возилата кои користат сув прав како средство за гасење се користат за елиминирање на пламенот кај пожарот. Се применуваат за гасење во хемиската индустрија, во воени објекти, на аеродромите. Снабдени се со стандарден модел за прав производство на VATROSPREM, со капацитет од 250, 650, 1000, 2000 i 4000 кг прав. Погонски гас е азот, кој се наоѓа во челични боци под притисок од 150 бара. За одржување на постојаниот работен притисок вградени се редукциони вентили со кои се овозможува да дометот на млазот на прав, било од фрлачот или млазницата, за целото време на гаснење на пожарот да биде приближно исти.

технички противпожарни возила

Припаѓаат во групата на противпожарни возила со специјална намена за потребите на противпожарно-спасувачките единици. Наменети се првенствено за спасување на загрозени и настрадани во сообраќајни несреќи и други незгоди. Може да се опреми со противпожарна пумпа и резервоар за вода и пенило, може да се користи и за гаснење на пожари од мал обем од цврсти запаливи материјали и леснозапливи течности и гасови со вода и пена. Возилата можат да се опремат со заштитна опрема за членови на екипата и опрема за спасување.

аеродромски возила

Наменети се за гаснење на пожари на аеродроми и вивна непосредна околина. Возилата ја задоволуваат ICAO препораката за противпожарни возила за гасење пожари на аеродромите (брзина, забрзување, количина на средства за гасење исфрлена во единица време и сл.). Имаат погон на сите тркала, едноструки кочници и блокада на диференцијалата на сите осовини, што овозможува движење и надвор од патиштата. Командувањето на противпожарниот уред е со далечинско од кабината на возилото и со можност гасење на пожар од возило во движење.

Официјалната страна на Ватроспрем