GRE цевките имаат широка примена: во основните индустриски постројки, постројки за нафта и гас, морски платформи и инсталации на бродови. Се применуваат во рударство за одводнување на рудниците, во електраните за транспорт на пепел, за транспорт на корозивни течности, за противпожарни системи, снабдевање со вода и бунарски колони, топловоди, гасоводи и др.
GRE цевките од епоксидни смоли појачани со стаклени влакна имаат извонредни карактеристики:
- Отпорни се на корозија, на агресивни материјали, на агресивно опкружување, нма УВ зраци и на сите атмосферски влијанија
- Отпорни се на абразија, на температурни промени, на висока температура и на отворен пламен
- Не се потребни заштутни премази, нема потреба од катодна заштита
- 6 до 8 пати се полесни од челичните цевки
- Лесни се и едноставни за вградување и транспорт, нема потреба од тешка механизација, намалени се трошоците за монтажа и одржување, долг век на експлоатација
- инерни се на развој на бактерии и не се менуваат во тек на годините, ги задржуваат проточните карактеристики во експлоатациониот век
Се произведуваат во дијаметри од 50 до 1000мм, со класа на притисок до 245 бара и стандардна должина од 10 м.
Се произведувааат сите видови фазонски делови од истиот материјал за соодветни дијаметри на цевки.