Опрема за свињарски фарми

Фирмата VOS-SYSTEM е лидер на Балканот во производство и продажба на опрема за свињарски фарми со седиште во Жабаљ Р. Србија. Откако во 2011 година почнавме да ги застапуваме VOS-SYSTEM, корисници на нивната опрема се најголемите свињарски фарми во Македонија и тоа: АГРИА – Велес, ЗЗ ЕДИНСТВО – Челопек, ВИНИ ФАРМА – с.Пекљане Виница (Компанија Атанасови), УНИ АГРО – Свети Николе и Велес, ЅИПЕ ТОНИ – Велес и скоро сите средни и помали свињарски фарми во Македонија се опремени  со опрема од VOS-SYSTEM.

Вентилација, ладење, прасилишта, чекалишта,  подни решетки од германскиот производител ACO-FUNKY, хранилки, поилки се само дел од асортиманот кој го нудат VOS-SYSTEM кој може да се погледне на нашата страна.

Квалитетот на опремата, цената, гаранција на опремата, техничката и логистичка подршка од страна VOS-SYSTEM и ДИКОС кон купувачите, резултираше со освојување на пазарот во Македонија.