Кровни Шатори
Брендот WILD LAND со 30 години постоење и иновации во кровните шатори е лидер на светскиот пазар кога станува збор за кровни шатори со извоз на 6 континенти (Европа, Северна Америка, Јужна Америка, Азија, Австралија и Африка). Во производствениот погон од 40.000м2 посебен акцент се става на квалитетот така секој модел на кровен шатор пред да се пушти во продажба поминува низ лабараториски процеси на испитувања кои вклучуваат: тестирање на ветер, тестирање на дожд, тестирање на вибрации, тестирање при разни состојби на патот, тестирање при високи и ниски температури, тестирање на бучава итн. За прв пат во областа на кровните шатори Wild Land воведува патентирана технолошка ткаенина (WL-tech), која има одлични карактеристики на висока пропустливост за „дишење“ на материјалот со што ефикасно се спречува кондензацијата внатре во шаторот и го прави кампувањето на отворено безбедно. WILD LAND се први во светот кои имаат произведено со автоматско отварање на кровен шатор на два спрата (моделот Wingman).
