ДИКОС дооел е основана во 2004 год. Основна дејност е застапување на реномирани фирми за пазарите во Македонија, Албанија и Косово.
Приколки со вкупна носивост до 3500 кг.
Групација ТРИГАНО е лидер во производство и продажба на автоприколки во Европа со годишно производство од околу 120.000 приколки.
Од 01.09.2016 година ТРИГАНО отворија фабрика во Крагујевац – Србија и почнаа со производство на приколки за Европа и Балканот со годишно производство од околу 15.000 приколки.
Секоја приколка е атестирана на основ на европска хомалогација: e2*2007/46*0195*11 и e2*2007/46*0200*12.
Фирмата ДИКОС дооел – Кочани е генерален застапник за Македонија.
Опрема за фарми
Потребата од вентилациона опрема и хали од лесни поцинкувани челични конструкции не поврза со фирмата VOS-SYSTEM- Жабаљ, кои ги застапуваме на пазарот кои произведуваат и комплет опрема за свињарски фарми и сточарски фарми.
Нови материјали и технологии
Најновите композитни материјали, замена за челикот, со извонредни карактеристики, со технологија и знаење на фабриките од САД, АМЕРОН (цевки со разни дијаметри и издржливост до 400 бар) и ФИБЕРГРАТЕ (разни профили за градба на конструкции, газишта отпорни на корозија) за прв пат ги нудиме на овие пазари.
Најголемите светски нафтени компании, разни хидроцентрали, хемиски фабрики и други индустриски гранки се корисници на овие производи.
Надградба на сите видови специјални возила
Со застапување на фирмите ВАТРОСПРЕМ ПРОИЗВОДЊА – Белград и ХК Пролетер – Крагујевац овозможивме понуда на сите видови специјални возила кои може да се побараат на пазарот и тоа со светски квалитет, конкурентни цени, гаранција и одржување на истите во постгарантниот период.
Почнувајќи од 2007 година до 2016 година на македонскиот пазар се испорачани:
- противпожарни возила за различни намени – 26 возила
- комунални возила – 11 возила
- возила за зимска служба – 2 возила
- “Пајак” возила – 2 возила
- платформи – 2 возила со платформа
- киперски надградби – 15 возила
Соработуваме со застапниците за Македонија на производителите на шасии и тоа:
- IVECO – преку нивниот застапник CARGOMAX
- MERCEDES – преку нивниот застапник Mak Autostar
- DAF – преку нивниот дилер D-M Trans
- MAN – преку нивниот застапник MAN Камиони Македонија
- ISUZU – преку нивниот застапник Аутомакедонија
На нивните шасии производителите ВАТРОСПРЕМ ПРОИЗВОДЊА и ХК Пролетер ги направија надградбите според барањата на купувачите.
Противпожарна опрема и стабилни системи за противпожарна заштита
Продажбата и сервисирање на противпожарна опрема од ВАТРОСПРЕМ ПРОИЗВОДЊА – Белград и проектирање и изведба на стабилни системи за противпожарна заштита и дојава на пожари.